Заштита на увозната сметка

Максимизирајте ја безбедноста и заштитата на увозната сметка со DHL eSecure

Обезбедувањето сигурност на Вашата увозна ДХЛ сметка е наш главен приоритет. Во денешниот дигитален свет, од суштинско значење е да преземете чекори за да ја заштитите Вашата увозна сметка од злоупотреба.
DHL eSecure е напредна безбедносна функција што спречува неовластено користење на Вашата увозна сметка преку решенијата за онлајн испорака кои ги нуди ДХЛ. Оваа функција нуди флексибилни опции кои Ви дозволуваат да одредите како да ја контролирате Вашата сметка. Најважно е дека само луѓето што сте ги овластиле, ќе можат да ги креираат пратките онлајн.
Главни карактеристики на DHL eSecure
Автоматски одобрувања за Доверливи Партнери
  • Може да работите често со партнери на кои им верувате и сте уверени дека се легитимни испраќачи.
  • Нашата функција за Авторизиран Домен Ви овозможува да ги дефинирате домените за е-пошта на Вашите деловни партнери и да ги автоматизирате барањата за авторизација.
  • Тогаш тие испраќачи ќе можат веднаш да започнат со испорака без да чекаат одобрување од Администраторот на Вашата сметка.
Автоматски одбивања
  • Идеална за минимизирање на барањата за користење сметка од недоверливи испраќачи, нашата функција Мој домен Ви овозможува да дефинирате домени за е-пошта што ги овластувате, така што сите други барања за домен автоматски се одбиваат.
Искористете ги опциите на DHL eSecure за заштита на увозната сметката! За да започнете, контактиратјте го секторот за ДХЛ поддршка.
Вратете се на почетокот