Дигитална царинска фактура Услови и правила

ДХЛ нуди трговија без печатена документација - Paperless Trade ("PLT"), овозможувајќи на испраќачите да испратат документација која ја следи пратката, по електронски пат (намалувајќи ја потребата за печатени копии на документи).
Вие како "Испраќач", се согласувате во Ваше име и во име на кој било друг со интерес за пратката, овие Услови за Трговија без печатена документација да се применат на сите пратки испратени со користење на услугата трговија без печатена документација Paperless Trade (PLT).
Понатаму, се согласувате дека овие Услови за Трговија без печатена документација, се применуваат како додаток на ДХЛ Условите и Правила за Транспорт, како што е утврдено на веб страната на ДХЛ и кои се применуваат во целост. Вашето внимание е особено насочено на делот Пратки неприфатливи за транспорт, Гаранции и Обештетувања од Испраќачот и  Одговорност на ДХЛ, од ДХЛ Услови и Правила за Транспорт.
ДХЛ ќе обезбеди упатства за користење на PLT услугите (Трговија без печатена документација). Истите се применуваат како додаток на сит постоечки барања за пратка и транспортна документација. Ова ќе вклучи:
  • форматот во кој ќе ги испраќате електронските датотеки,
  • барањата за квалитет за секое скенирање на документација,
  • времето за пренос на податоците за пратката,
  • деталите за тоа каде треба да се пренесат документите за пратката,
  • детали за пратката (поранешно потекло, дестинација, содржина и вредност на пратка) за кои услгата PLT (Трговија без печатена документација) не е достапна,
  • секаква документација (како што е сертификат за потекло) која, исто така, треба да се достави во печатена форма, кога пратката е предадена на ДХЛ
Се согласувате со инструкциите на ДХЛ во врска со PLT (Трговија без печатена документација) услугата. Вие, понатаму, сте согласни да ги почитувате сите правни или царински барања во врска со PLT (Трговија без печатена документација) услугата, така на пример, нема да ја користите PLT (Трговија без печатена документација) услугата, за пратки за кои правните или царинските барања налагаат испраќање на документи во печатена форма.
Вие потврдувате дека сте овластени да испраќате документација по електронски пат. Вие го овластувате ДХЛ да ги користи податоците кои електронски ги пренесувате на ДХЛ за целите на обработка и испраќање на PLT (Трговија без печатена документација) пратки. Ова ги вклучува и меморандумот и електронскиот потпис на Вашата фирма.
Целата документација испратена по електронски пат мора да биде разбирлива (читлива).
Вие сте согласни да го обештетите ДХЛ и да му ја надоместите секоја штета или загуба настаната како резултат на пропуст што произлегува од какво било прекршување на ДХЛ Условите и Правила, или на Условите на Трговија без печатена документација.
Вие ја потврдувате согласноста на примачот да користи PLT (Трговија без печатена документација) услуга.
Вратете се на почетокот