Што е ново со MyDHL+

Дознајте ги најновите вести за MyDHL+ карактеристиките и функциите

Нашиот систем за најава се менува
Ќе ги префрлиме сите MyDHL+ клиенти на нашиот нов, подобрен систем за најавување. Преминот е дизајниран да обезбеди беспрекорно искуство за пристап до MyDHL+. Се извинуваме за непријатностите што може да бидат предизвикани во овој период.

За да ја зголемиме ефикасноста и брзината во царинењето на пратката, царинските регулаторни органи ширум светот ги автоматизираат системите и ги зголемуваат барањата во врска со точноста на информациите за пратката – особено, описот на стоката и деталите за царинската фактура. Тие преминуваат од користење на печатена документација во добивање на информации по електронски пат во нивните системи.

Што значи ова за Вас

  • Една од најважните работи што можете да ја направите за Вашата пратка да помине брзо при процесот на безбедносна царинска проверка и царинење, е точно да ги опишете ставките на Вашата пратка (детална содржина на стоката) кога креирате пратка во MyDHL+

Што MyDHL+ прави за да Ви помогне

Воведовме нови функции за да Ви помогнеме да обезбедите точни описи на ставките и да ги доставите информациите за Вашата пратка по електронски пат до царинските органи!

Брзо царинење
Совети за царинска фактура

MyDHL+ функциите Ви помагаат!
Искористете ги предностите на функциите на MyDHL+ кои ќе Ви помогнат прецизно да ги опишете ставките во Вашата пратка - особено важно за брзо царинење!
Вратете се на почетокот