Брзо царинење - Како да направите разлика
Ги оптимизиравме нашите процеси за да го поедноставиме и забрзаме процесот на царинење. Деталите за пратката што ги наведувате - како што се податоците на фактурата за царинење - играат клучна улога во брзото царинење на пратките.
За повеќе информации скролајте надолу
Царинењето започнува веднаш
Брзи сме! Дури и пред Вашите пакети да се утоварат во авионите, ДХЛ ги испраќа податоците (детални податоци) за Вашата царинска фактура до царинските органи за безбедносни проверки како и за да започне царинењето.
- Податоците се праќаат електронски
- Пред да се утоварат пратките во авионите
- Во земјата од каде се испраќа пратката
Мрежа на Глобални Царински Прописи
Работиме со царинските барања насекаде низ светот
За да може ДХЛ Експрес да обезбеди непречно и брзо царинење, испраќачот мора да обезбеди:
- Комплетен и соодветен опис на пратката
- Податоци за пратката - електронски
Нашата глобална мрежа
Ние користиме динамични, флексибилни авионски рути за секогаш да обезбедиме најбрзо можно транзитно време.
Тоа значи дека прописите за царинска безбедносна контрола може да влијаат на пратките од која било земја на испраќање и до која било дестинација, во зависност од рутата.
Важни се прецизни детали!
Една од најважните работи што можете да ја направите за Вашата пратка да помине брзо при процесот на безбедносна царинска проверка и царинење е точно да ги опишете ставките на Вашата пратка (детален опис на стоката).
- Што е содржината на пратките, од што се направени и која е нивната намена
- Тарифен број
- Деталите кои недостасуваат го забавуваат процесот на царинење!
MyDHL+ Ви помага
Кога креирате пратки во MyDHL+, ние ќе Ви помогнеме да наведете детали за пратката и царинската фактура кои го поддржуваат најефикасниот процес на безбедносна царинска проверка и царинење.
- Ќе Ви дадеме совети и насоки за опис на Вашата пратка
- Ние можеме да Ви помогнеме да креирате Ваша царинска фактура
- Опции за електронско прикачување на податоците за пратката