Совети за царинска фактура

Вашата царинска фактура игра важна улога во процесот на царинење!

Илустрација на царински агент кој ги прегледува документите за пратката


Царинските власти ги користат податоците на царинската фактура како важен дел од процесот на царинење.

Кога креирате меѓународни пратки со ДХЛ Експрес, вклучувате податоци за царинската фактура (комерцијална/профактура), како што се информации за стоката што ја испраќате. ДХЛ ги испраќа Вашите податоци за пратката до царинските органи за тие:

  • Да ги пресметаат царинските давачки и даноци кои треба да се платат
  • Да ја проверат пратката од безбедносни причини
  • Да ја застанат пратката за понатамошна проверка кога е потребно
  • Да проверат дали содржината на пратката одговара на податоците од фактурата
  • Да ги спроведат царинските регулативи каде што е применливо

Пратката која е задржана од страна на царина го спречува ДХЛ да ја транспортира истата додека не се оцарини, што може да резултира со значително доцнење на доставата. Затоа е исклучително важно обезбедувањето на точни, висококвалитетни информации за царинската фактура (комерцијална/профактура) по електронски пат до ДХЛ!

Илустрација на мобилен телефон и пар чевли


Ефикасното царинење се потпира на целосeн и точeн опис на стоката.

Една од најважните работи што можете да ги направите за ефикасно царинење на Вашата пратка е да се осигурате дека ставките (стоката) на царинската фактура (комерцијална/профактура), како и другите потребни документи за транспорт, се точно опишани.
Царинските власти бараат целосен и точен опис на ставките. Секоја ставка во пакетот мора да биде наведена посебно со свој опис на фактурата.
Описот на ставките треба да содржи доволно податоци да се објасни природата на стоката со јасна терминологија. Кога ги наведувате ставките на Вашата фактура, потребно е да опишете:
  • Што е стоката
  • Од што е направена стоката
  • Која е целта на стоката
  • Кој е соодветниот тарифен код (HS)

Описот кој е премногу нејасен или генерички, може да се смета за неприфатлив од страна на царината. Како што се:

  • Делови, подароци, текстил или примероци

Се очекува подетален опис. Како на пример:

  • Женска маица изработена од памук

Кога ја креирате Вашата царинска фактура во MyDHL+, нашите интуитивни алатки Ви помагаат точно да ги опишете ставките во Вашата пратка!

Илустрација за пренос на податоци помеѓу лаптоп и сервери


Кога испраќате со MyDHL+, можете да ги испраќате податоците за Вашата пратка и царинските фактури по електронски пат!

Како важен дел од процесот на царинење, царинските органи ги прегледуваат податоците за секоја пратка – како што се етикетата за испорака и царинската фактура (комерцијална/профактура). Ако давате информации во формат на скенирана или печатена хартија на ДХЛ, деталите треба рачно да се внесат повторно во системите за царина, што додава време на процесот на царинење. Но, ако царинските органи ги добијат податоците за пратката по електронски пат, тие можат веднаш да го започнат процесот на царинење.
Со обезбедување на податоци за Вашата пратка и царинска фактура до ДХЛ по електронски пат, можете да го забрзате процесот на царинење!
Обезбедување на податоци по електронски пат овозможува:
  • Висок квалитет на услуга и навремено процесирање на Вашите пратки
  • Брз, автоматизиран царински процес
  • Процесот на царинска декларација започнува пред пристигнувањето на пратката
  • Целосна и точна царинска обработка и усогласеност
  • Избегнување на рачно внесување на податоци
  • Избегнување на доцнење во царинењето поради грешки или информации што недостасуваат
  • Забрзана проценка на ризикот, како што е идентификација на опасни материи
Ние ќе ја креираме Вашата царинска фактура

MyDHL+ Ви помага да креирате царинска фактура со точен опис и тарифен број.

Датотека која може да се преземе
Прочитајте повеќе во нашите сеопфатни царински водичи и референтни материјали
Вратете се на почетокот