ДХЛ Експрес Услови и правила за транспорт

("Услови и правила")

Кога нарачувате услуги од ДХЛ, Вие, како “Испраќач“, во Ваше име и во име на примачот на Пратката (“Примач“) и било кое друго лице чиј интерес е поврзан со пратката, давате согласност за примена на на овие Правила и Услови.

Поимот “Пратка“ опфаќа документи или пакети кои патуваат под еден товарен лист и кои можат да бидат транспортирани со било какво превозно средство по избор .“Товарен лист“ (“Waybill”) ќе се подразбира било каков идентификатор или документ за испорака издаден од ДХЛ или Испраќачот, односно нивни автоматизирани системи, како што се етикети, баркодови, товарни листови или било кои други белешки вклучувајќи и нивна електронска верзија. Секоја Пратка ќе биде транспортирана врз основа на ограничена одговорност на начин предвиден во понатамошниот текст. Доколку Испраќачот бара поголема заштита, тогаш може да му биде организирано соодветно осигурување на дополнителен трошок. (Ве молиме за повеќе информации прочитајте внимателно подолу во текстот). Под “ДХЛ“ се подразбира било која членка на ДХЛ Експрес Мрежата (DHL Express Network).

Со цел обезбедување на своите услуги, ДХЛ може да преземе било која од следните активности во корист на Испраќачот или Примачот: (1) да пополни било каков документ, да измени кодови на производи или услуги и да ги авансира сите давачки или даноци кои се бараат согласно важечкaта регулатива (“Царински давачки“); (2) да дејствува во својство на вистински и законит застапник на Испраќачот или Примачот, или да назначи царински застапник кој ќе обезбеди контрола на извоз и царинење и (3) да ја пренасочи Пратката до царинскиот застапник на Примачот или на друга адреса, по барање на било кое лице за кое согласно своето разумно мислење ДХЛ верува дека е овластено. Испраќачот и Примачот ќе обезбедат и дополнително овластување пропишано согласно важечките прописи за царинење на пратката од страна на ДХЛ.
Пратката ќе се смета за неприфатлива за транспорт доколку:
  • содржи оружја, муниција експлозиви, експлозивни направи или примероци за тестирање, воздушни пушки, реплика или имитација на огнено оружје; фалсификувана стока, готовина; златни прачки (или од било кој друг скапоцен метал), животни, забранети делови од животни или останки, како на пример слонова коска;, човечки посмртни останки или пепел, благородни метали, скапоцени и полускапоцени камења; канабис и негови деривативи или илегални стоки како што се наркотици или други илегални супстанци,
  • е класифицирана како ризичен материјал, опасна стока, производ кој е забранет или ограничен согласно АДР -Европската Регулатива за превоз на опасни стоки во патниот сообраќај (ADR), како и од страна на ИАТА (IATA – Меѓународна Асоцијација за Воздушен Сообраќај), ИЦАО (ICAO – Меѓународна Организација за Цивилна Воздушна Пловидба), или од било кој релевантен владин орган, односно организација (“Опасни стоки“),
  • содржи други предмети за кои ДХЛ ќе одлучи дека не може безбедно и/или законски да ги транспортира,
  • адресата е неточна или не е соодветно означена или пакувањето (амбалажата) е неисправно или несоодветно за да обезбеди сигурен транспорт со должно внимание при ракувањето,
  • Испраќачот, Примачот или било која друга страна која има директен или индиректен интерес во Пратката се наоѓа на некоја казнена листа, како страна која треба да биде одбиена или ограничена.

Пратките не може да бидат доставени на поштенски фах или поштенски кодови. Пратките се доставуааат на адреса на Примачот назначена од страна на Испраќачот, но тоа не подразбира и задолжителна достава лично на лицето означено како Примач. Пратките адресирани до адреса на достава која спаѓа во ДХЛ зоната, ќе бидат испорачувани до таа зона.

ДХЛ може да го извести Примачот за очекуваната достава или за пропуштената достава. На Примачот може да му се понуди алтернативна опција за достава како на пример достава во некој друг ден, без потреба од потпис, пренасочување или подигање на еден од пултовите на ДХЛ.

Доколку Пратката се смета за неприфатлива согласно Оддел 2, или доколку за истата била назначена несоодветно мала вредност за царински потреби, или доколку Примачот не може соодветно да биде идентификуван или лоциран, или доколу Примачот одбие да ја прими Пратката или да ги плати царинските давачки или други трошоци за испорака на истата, ДХЛ ќе вложи разумни напори да му ја врати Пратката на Испраќачот на трошок на Испраќачот, или во случај да не успее во тоа, ДХЛ може да се ослободи од истата на начин што истата ќе ја продаде или отстрани, без притоа да сноси било каква одговорност кон Испраќачот или кон било кое друго лице, од добиената цена да ги наплати трошоците за услугата и другите поврзани административни трошоци и остатокот од паричните средства да му ги врати на Испраќачот. ДХЛ ќе има право да ја уништи Пратката за која било кој закон му забранува на ДХЛ да ја врати на Испраќачот половично или во целост, како и секоја Пратка која содржи Опасни стоки.

ДХЛ има право од сигурносни, безбедносни, царински или други законски причини да ја отвори и провери Пратката, без посебно известување за тоа.

Цената за транспорт на ДХЛ пратките се пресметува согласно поголемата вредност, односно согласно вистинската тежина или согласно волуметриската тежина на пратката и секоја Пратка може да биде повторно измерена од страна на ДХЛ за да се потврди ваквата пресметка.

Од Испраќачот може да се побара плаќање на царинските давачки и други надоместоци во износи индицирани на веб страницата на ДХЛ и пред доставување на пратката.

Ова вклучува и надоместок доколку ДХЛ го користи својот кредит кај Царинските органи или доколку ги плати царинските давачки за сметка на Примачот. Испраќачот ќе ги плати или ќе му ги надомести на ДХЛ сите царински давачки и трошоци за услугата обезбедена од ДХЛ или оние кои ДХЛ ќе ги плати за сметка на Испраќачот или Примачот доколку не бидат платени од страна на Примачот.

6.1 Одговорноста на ДХЛ во врска со било каква Пратка транспортирана по воздушен пат (вклучувајќи и спореден копнен транспорт или попатни станици) е ограничена на предвиденото согласно Монтреалската Конвенција или  Варшавската Конвенција, зависно како е применливо, или во отсуство на применлива конвенција, одговорноста ќе биде ограничена на пониското од (1) пазарна или декларирана вредност или (2) 22 специјални права на влечење по килограм (приближно УСД 30.00 по килограм). Таквите ограничувања ќе се применуваат и на сите други видови на транспорт, освен кога Пратките се транспортираат исклучиво по копнен пат, во кој случај ќе се применуваат ограничувањата опишани подолу.

За Пратки кои се пренесуваат преку повеќе граници по копнен пат, одговорноста на ДХЛ ќе се смета дека е ограничена согласно Конвенцијата за Меѓународен превоз на стоки по копнен пат (CMR) и тоа на пониското од (1) пазарна или декларирана вредност или (2) 8.33 специјални права на влечење по килограм (приближно УСД 11.00 по килограм). Таквите ограничувања ќе се применуваат и на националниот копнен транспорт во отсуство на задолжителни или пониски ограничувања на одговорноста во применливото национално законодавство кое го регулира транспортот.

Доколку Испраќачот смета дека ваквите ограничувања се незадоволителни, мора да изврши посебна декларација на вредноста и да побара осигурување согласно предвиденото во Одделот 8 или самиот да си обезбеди осигурување.

Одговорноста на ДХЛ е строго ограничена на директна загуба и штета на  самата Пратка и единствено во килограмските граници содржани во овој Оддел 6. Сите други видови на загуба или штета се исклучени (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на изгубена заработувачка, приход, камата, идни деловни потфати и сл.), без разлика дали таквите загуби или штети се посебни или индиректни, и дури и во случај ризикот од таквите загуби или штети да му бил предочен на ДХЛ пред или по приемот на Пратката.

6.2 ДХЛ ќе ги вложи сите разумни напори да ја испорача Пратката согласно вообичаениот распоред за испорака на ДХЛ, но истиот не е обврзувачки и не претставува составен дел од договорот. ДХЛ не е одговорен за било какви штети или загуби предизвикани од доцнење, но за одредени Пратки Испраќачот може да бара  ограничен   надоместок  заради доцнење, во согласност со Правилата и Условите на Гаранцијата за поврат на средства.

Сите побарувања мора да бидат поднесени во писмена форма до ДХЛ во рок од триесет (30) дена од денот кога ДХЛ ја има преземено Пратката, инаку во спротивно ДХЛ нема да сноси никаква одговорност. Побарувањата се ограничени на едно побарување по пратка, со чие подмирување ќе се смета дека е целосно и конечно исплатено побарувањето во врска со сите загуби и штети во врска со истото.
ДХЛ може да обезбеди осигурување за Испраќачот заради губење или оштетување на Пратката кое  ја покрива полната  вредност на стоката што е содржана во Пратката, доколку Испраќачот тоа  го побара во писмена форма, така што ќе го пополни одделот за осигурување кој се наоѓа на предната страна од товарниот лист или доколку тоа го побара преку автоматизираниот систем на ДХЛ и  го плати соодветниот  трошок за истото. Осигурувањето на Пратката не ги покрива индиректните загуби или штети предизвикани поради губење  на Пратката , или загубите и штетите предизвикани од доцнење.
ДХЛ не е одговорен за било каква загуба или штета која призлегува од околности кои се вон контролата на ДХЛ. Тие вклучуваат, но не се ограничени на: електрично или магнетно оштетување, како и бришење на електронски и фотографски податоци или снимки; било каков недостаток или карактеристика поврзана со природата на Пратката, дури и доколку постоењето на истите му било познато на ДХЛ, на пр. Испраќач, Примач, трето лице, царински или друг државен службеник; сајбер напади од трети лица или друга закана врзана за безбедноста на податоците, “Виша сила“ – на пример земјотрес, циклон, бура, поплава, магла, војна, авионска несреќа или ембарго, бунт или граѓански немири, епидемија, пандемија или индустриски дејствија.
Испраќачот ќе го обештети и ослободи од одговорност ДХЛ и неговите директори, службеници, вработени и агенти, и ќе му ја надомести секоја штета или загуба настаната како резултат на пропуст на Испраќачот да постапи согласно следните гaранции и изјави:
  • Пратката е прифатлива за транспорт согласно Оддел 2;
  • Пратката е подготвена во безбедни простории од страна на одговорни лица и е заштитена од неовластено попречување за време на подготовката, складирањето и транспортот до ДХЛ;
  • Испраќачот постапил во согласност со сите важечки закони и прописи кои се однесуваат на извоз, контрола, санционирање и царина како и други важечки регулаторни услови и ограничувања врзани за увозот, извозот, транзитот или преносот на стоките,
  • Испраќачот му ги пријавил на ДХЛ сите контролирани стоки за двојна или воена употреба кои се предмет на одобрување од страна на властите, содржани во Пратката,
  • Испраќачот ги прибавил сите потребни информации, согласности, дозволи или други овластувања и документи од државните органи, пропишани со важечките закони или на барање на ДХЛ, како и сите информации, согласности, дозволи или други овластувања и документи од државните органи обезбедени од страна на Испраќачот или неговите претставници се точни, вистинити и потполни, вклучувајќи ја и вредноста и описот на стоките и информациите за Испраќачот и Примачот,
  • При обезбедувањето на лични податоци на ДХЛ, Испраќачот постапува во согласност со своите законски обврски за обработка и споделување на овие податоци, вклучително и информирање на засегнатите лица дека личните податоци, вклучувајќи ја електронската адреса и телефонскиот број на Примачот, се потребни за целите на транспортот, царинењето и доставата.
Испраќачот се согласува со сите усмерувања и скршнувања, вклучувајќи ја и можноста дека Пратката може да биде пренесувана преку преодни попатни места.
Сите спорови кои произлегуваат од, или на било кој друг начин се поврзани со овие Правила и Услови, ќе бидат решавани врз основа на неисклучива надлежност на судовите на државата на потекло на Пратката, и во постапките ќе се применува правото на државата на потекло на Пратката, а Испраќачот неотповикливо се согласува со таквата надлежност, освен доколку тоа е спротивно на важечкото право.
Ништовноста   или неприменливоста на било која одредба од овие Правила и Услови нема да влијае на валидноста и применливоста на другите делови од овие Правила и Услови.
Валиден Септември 1, 2021
Вратете се на почетокот