Што можам да испратам?

Подгответе ја пратката пред да испратите!

ДХЛ Експрес транспортира голема разновидност на стоки ширум светот. Безбедниот транспорт на пратките низ нашата глобална мрежа, е од најголема важност и затоа е од големо значење да се придржувате кон упатствато и ограничувањато за содржината што ја праќате.
Од дестинацијата зависи која содржина може да се испрати, под кои услови, а исто така и кои регулативи и локални закони ќе важат за увоз на истата. За некои стоки може да биде потребна само етикета за транспорт, додека за други, може да биде потребна дополнителна документација, договор со ДХЛ Експрес, специфично пакување, етикети и ознаки на пакувањето.
Еве неколку прашања што можете да си ги поставите кога се подготвувате за испраќање на Вашата стока:
  • Дали во земјата дестинација е дозволен увоз на овој производ?
  • Дали испорачувам литиумски батерии?
  • Дали нешто е запалливо?
  • Дали ми треба одобрување за испраќање на овој производ?
  • Дали е нешто течно или расипливо?
  • Дали ги исполнувам регулативите за транспорт на овие содржини?
Вратете се на почетокот