Литиумски батерии

Безбедниот транспорт на литиумски батерии е од суштинско значење за да се осигура дека Вашата пратка е испорачана како што е предвидено.

Што треба да знаете

  • Литиумските батерии се класифицирани како опасни материи
  • Постојат прописи за транспорт на литиумските батерии
  • Неисправни, оштетени и батерии повлечени од продажба, не се дозволени
  • Испраќачот е законски одговорен за усогласеност при испорака на пратки кои содржат литиумски батерии за транспорт.
  • Одредени видови на литиумски батерии не се прифатливи за транспорт
  • Само претходно одобрени корисници на DHL Express можат да испраќаат литиумски батерии.
Широк спектар на електронски производи напојувани со литиумски батерии спаѓаат под Правилникот за опасни материи, без разлика дали се полнат (литиум-јонски) или не се полнат (литиум-метал).
Регулативите се применуваат кога литиумските батерии се:
Опасни материи
Надвор од уредот
Батериите се испраќаат како посебни предмети (надвор од уред/рефус)
Пример: Преносен полнач
 
Пакувани со опремата
Опремата и батериита се во ист пакет.
Пример: Камера со дополнителна батерија
Содржани во опрема
Батерија вградена во опремата.
Пример: Таблет со вградена литиумска батерија
Безбедниот транспорт на таквата содржина по воздушен пат и целосната усогласеност со прописите на ICAO/IATA, е законска обврска на Испраќачот. IATA и ДХЛ публикуваа упатства и материјали за да им помогнат на испраќачите да ги разберат регулативите и да се усогласат со нив.
Дозволено
Следните пакети се прифаќаат за транспорт кога ознаката за литиумска батерија не е применлива:
  • Пратки со 2 или помалку пакувања каде што секој пакет содржи не повеќе од 4 ќелии или 2 батерии инсталирани во опремата
  • Пакети кои содржат само батерии со копче инсталирани во опрема (вклучувајќи и кола за струја)
Пример: Пратка со 2 парчиња, при што едното парче содржи лаптоп, а другото парче содржи 2 мобилни телефони.
Забрането
  • Литиумските батерии за кои е познато или постои сомневање дека се неисправни или оштетени или повлечени од продажба, претставуваат висок безбедносен ризик за персоналот и имотот и не се дозволени во авиони под никакви околности.
  • Кога се знае или постои сомневање дека неисправна, оштетена или повлечена од продажба литиумска батерија е вградена во лаптоп, мобилен телефон или друг уред, батеријата мора да се отстрани пред ДХЛ да ја прифати пратката.
ДХЛ Експрес бара претходна авторизација за испраќање опасни материи за да се осигура дека имателот на сметка е соодветно обучен, упатен и ќе подготвува пратки кои содржат опасни материи, во согласност со важечките прописи, политики и процедури на ДХЛ.
Заинтересирани сте за авторизирање на Вашата ДХЛ сметка? Нашите стручни експерти се тука за да обезбедат стручна помош. Контактирајте ги нашите експерти за транспорт на опасни материи
Вратете се на почетокот