Испорака на опасни материи
Опасни стоки (познати и како опасен материјал или хазмат) се артикли или супстанции кои можат да претставуваат опасност за здравјето, безбедноста, имотот или животната средина. Идентификувањето на опасните стоки е првиот чекор за намалување на ризиците што ги претставува производот со соодветно пакување, комуникација, ракување и складирање. DHL е реномирана компанија со обемно искуство во транспортот на опасни стоки.
Што треба да знаете
-
Постојат посебни правила за транспорт на опасни материи
-
Испраќачот е законски одговорен за усогласеност со правилата и прописите
-
Не се прифаќаат сите опасни материи во DHL Express
-
Вашата сметка треба да биде авторизирана за транспорт на опасни материи со ДХЛ Експрес
-
ДХЛ Експрес ќе прифати опасни материи под одредени ограничувања и услови
-
DHL мора да биде известен за намерата за испорака на опасни материи
-
Испраќањето на опасни материи подлежи на дополнителни давачки
|
|
|
Постојат производи кои се класифицирани како опасни материи, но се квалификувани за транспорт.
ДХЛ е во согласност со следниве прописи:
-
IATA за воздушен транспорт со ДХЛ Експрес
-
ADR се применува во сите земји кои ја имаат усвоено ADR конвенцијата во своето законодавство
-
Другo применливo националнo законодавство, во зависност од потеклото, транзитот и дестинацијата на испораката (на пример, CFR Наслов 49).
Регулативите вклучуваат специфични правила за соодветно пакување на опасни стоки, обележување и етикетирање на пакувањата и декларирање на стоките во документите за испорака.
Стоките со овие карактеристики се сметаат за опасни (не исцрпно):
-
Радиоактивно
-
Запалливо
-
Експлозивно
-
Корозивно
-
Токсично
-
Оксидира
-
Инфективно
-
Други регулирани материјали
Електронска опрема, парфеми и дури и ароми за храна можат да бидат класифицирани како опасни стоки. Некои материјали или хемикалии можат да станат штетни во одредени услови.
Безбедносна спецификација на материјалот односно производот (Material Safety Data Sheet), од производителот, обезбедува информации за да се идентификува категоријата на содржината.
ДХЛ Експрес бара претходна авторизација за испраќање опасни материи за да се осигура дека имателот на сметка е соодветно обучен, упатен и ќе подготвува пратки кои содржат опасни материи, во согласност со важечките прописи, политики и процедури на ДХЛ.
Заинтересирани сте за авторизирање на Вашата ДХЛ сметка? Нашите стручни експерти се тука за да обезбедат стручна помош. Контактирајте ги нашите експерти за транспорт на опасни материи