ДХЛ Интегрирани Решенија за транспорт

Што се ДХЛ Решенија за Интеграција?

ДХЛ Решенија за Интеграција се онлајн веб услуги со способност за интеграција која обезбедува достапност до услугите на ДХЛ, транзитно време, ценовник, испорака и резервација за преземање на пратка од страна на курир како и следење на пратки од преку 140 земји низ светот. Користењето на XML услугите на ДХЛ, клиентите можат да се вклучат во функционалноста на транспортот на ДХЛ на нивните вебстрани, апликации за грижа за корисници или системи за обработка.
Кога би користеле ДХЛ Решенија за Интеграција?
  • Идеален за испраќачи и софтвер партнери кои сакаат да користат внатрешна апликација за услугите на ДХЛ како и принтање на товарен лист и следење на пратките.
  • Одлична и флексибилна алтернатива кога останатите алатки за испраќање на ДХЛ не ги исполнуваат условите
  • Особено наменето за клиенти кои имаат искуство со веб услуги и XML пораки.
  • Идеални за подобрување на функционалноста на веб страните и веб продавниците
Повеќе За ДХЛ Интегрирани Решенија за транспорт
Повеќе За ДХЛ Интегрирани Решенија за транспорт

Кои се поволностите од користењето на ДХЛ Решенија за Интеграција?
  • Може да користите внатрешни управувачки системи за превоз и складирање, и  притоа да имате целосен пристап до услугите за транспорт на ДХЛ Експрес
  • Нема потреба од локално одржување на деловните правила на ДХЛ.
  • Овозможува ДХЛ услуги на интерни страни за превоз, колички за шопинг и веб-страни за Е-трговија
  • Не е потребен ДХЛ хардвер или софтвер на страната за клиенти
  • Користи стандардна XML базирана, безбедна платформа за интеграција со ДХЛ
  • Вие го контролирате имплементирањето на временски рокови
Достапни услуги:
  • Соодветност – Можете да ги изберете услугите кои најдобро одговараат на Вашите потреби врз основа на критериумите на пратката клучно со последниот рок за најава на курирско преземање, последен рок за курирско преземање и транзитно време.
  • Понуда за цени – Добијте цени согласно Вашата сметка во ДХЛ заедно со разложени трошоци за бараните комбинирани услуги
  • Процесирање на пратка – Податоците за пратката се потврдуваат додека ги процесирате пратките.
  • Генерирање на товарен лист – Се генерира ДХЛ товарен лист соодветен со пратката
  • Најава за преземање на пратка – Закажете преземање од страна на курир и / или откажете ја најавата за курир
  • Следење на пратки – Опфаќа детали за пратката и видливост на статусот на пратката вклучувајќи го предвиденото време на достава на пратката
  • Повратни пратки – Овозможува примачот да ги врати пратките назад глобално и притоа да има контрола на целиот процес
  • Трговија без папирологија – електронски поднесете ги потребните документи за царинска постапка на Вашата пратка. (Оваа услуга не е достапна во сите земји)
  • Подготовка на пратка – Однапред подгответе соодветен товарен лист кој може да биде искористен за идни пратки
Sales presentation to group of business people
Решенија за управување со пратки
ДХЛ Експрес нуди многу флексибилни опции - од онлјан софтверски решенија, до интегрирани и прилагодени деловни решенија.
Вратете се на почетокот