Declarations Definitions (on Customs Invoice Templates)

Дефиниции за декларации

Секоја царинска фактура мора да има и декларација. Ние ќе ја вклучиме основната декларација во сите царински фактури, а Вие исто така можете да изберете дополнителна декларација која одговара на видот на стоките кои се испраќаат и на земјите од кои потекнуваат и земјите до кои се испраќаат.

Подолу се опциите за декларации и како тие се појавуваат на царинската фактура.

Декларација Опис и цел Декларација иста како што се појавува и на царинската фактура
Основни поставки Оваа декларација е секогаш испечатена на секоја царинска фактура која е сосдадена од DHL, за:
  • Сите пратки
  • Сите земји на потекло и земји на дестинација
Со ова Јас/Ние потврдувам/е дека информациите содржани во оваа фактура се вистинити и точни и дека содржината на оваа пратка е иста како горе наведената.
NAFTA Договорот за слободна трговија на Северна Америка (NAFTA) е договор помеѓу Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико, направен да ги отстрани тарифните бариери помеѓу трите земји. Со ова јас потврдувам дека стоките опфатени во оваа пратка се квалификувани како оригинални стоки за целите за преференцијален тарифен третман под NAFTA.
Преференцијално потекло Преференцијално потекло се доделува на стоки од одредени земји, кои исполниле одредени критериуми. Со ова Јас/Ние потврдувам/е дека информациите содржани во оваа фактура се вистинити и точни и дека содржината на оваа пратка е иста како горе наведената. Извозникот на продуктите опфатени во овој документ изјавува дека, освен ако не е поинаку јасно наведено , овие продукти се од привилегирано потекло.
CITES  CITES е Конвенција за интернационална трговија за загрозените видови, меѓународен договор помеѓу владите кој стапил на сила во 1975 година. За увозот, извозот и употребата за комерцијална добивка на одредени видови потребна е CITES дозвола. Потврдувам дека оваа пратка не е направена од кожни делови на животински видови заштитени со Вашингтонската конвенција.
Преференцијално потекло и CITES Оваа декларација е комбинација и од привилегираното потекло и CITES декларација. Со ова Јас/Ние потврдувам/е дека информациите содржани во оваа фактура се вистинити и точни и дека содржината на оваа пратка е иста како горе наведената. Извозникот на продуктите опфатени во овој документ изјавува дека, освен ако не е поинаку јасно наведено , овие продукти се од привилегирано потекло. Со референцата на горенаведената пратка, Јас потврдувам дека оваа пратка не е направена од кожни делови од животински видови заштитени со Вашингтонската конвенција.
EUR-1 EUR.1 сертификатот за движење (истотака познат како EUR.1 сертификат или EUR.1) е форма која се користи во меѓународниот транспорт на стоки и се користи за потврда за потеклото на продуктот,и ако е можно, да се има и придобивки од поволните трговски услови (во главно тарифи) во рамките на привилегираната политика за тргување на ЕУ. За да се има придобивки од привилегираните цени за време на царинењето, валиден EUR.1 сертификат за движење мора да биде предаден на надлежните власти (најчесто царински власти), во кој производителот го потврдува потеклото на стоката. Со ова Јас/Ние потврдувам/е дека информациите содржани во оваа фактура се вистинити и точни и дека содржината на оваа пратка е иста како горе наведената. Извозникот на продуктите опфатени во овој документ (Царинско овластување Бр. ...............(1)) изјавува дека, освен ако не е поинаку јасно наведено , овие продукти се од .......................(2)(3) привилегирано потекло.
Декларација за Русија Треба да се користи при испраќање царински стоки од/до Руската федерација. Нашата компанија гаратира дека стоките кои се испраќаат не се воени или стоки за повеќекратна употреба и дека не ги прекршуваат законите на Руската Федерација „за Државна тајна, авторски права и интелектуална сопственост.“ / Наша организация гарантирует, что данный товар не является товаром военного назначения или двойного применения, и не нарушает законодательство РФ «О государственной тайне, об авторских правах и интеллектуальной собственности». Под меры нетарифного регулирования не подпадает.

Нашата компанија гарантира дека содржината на извозните стоки не се поврзани со насилство, порнографија и фашизам.

Наша организация гарантирует, что экспортируемая нами видеопродукция (DVD, CD, видеоплёнка, другие видео носители) не содержит сцен насилия, фашистской пропаганды и порнографии.

Компанијата изјаува дека горенаведените информации се вистинити и точни.

Компания «______________________» несет полную ответственность в соответствии с Российским законодательством за информацию, предоставленную в данном Инвойсе.