Terms and Conditions of Carriage
ДХЛ ЕКСПРЕС ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ТРАНСПОРТ
ВАЖНА НАПОМЕНА
Кога нарачувате услуги од ДХЛ, Вие, како “Испраќач“, во Ваше име и во име на примачот на Пратката (“Примач“) и било кое друго лице, чиј интерес е поврзан со пратката, давате согласност дека ќе се применуваат ДХЛ Правилата и Условите.
Поимот “Пратка“ опфаќа документи или пакети кои патуваат под еден товарен лист и кои можат да бидат транспортирани со било какво превозно средство по избор на ДХЛ, вклучувајќи воздушен, копнен или било кој друг вид на превоз. Под “товарен лист“ ќе се подразбира било каква ознака произведена од ДХЛ или од автоматизираниот систем на Испраќачот, како што се етикети, баркодови товарни листови или белешки или нивна електронска верзија. Секоја Пратка ќе биде транспортирана врз основа на ограничена одговорност на начин предвиден во понатамошниот текст. Доколку Испраќачот бара поголема заштита, тогаш може да му биде организирано осигурување на дополнителен трошок. (Ве молиме погледнете подолу за повеќе информации). Под “ДХЛ“ се подразбира било која членка на ДХЛ Експрес Мрежата (DHL Express Network).
Со цел обезбедување на своите услуги, ДХЛ може да преземе било која од следните активности во корист на Испраќачот или Примачот: (1) да пополни било каков документ, да измени кодови на производи или услуги и да ги плати сите давачки или даноци кои се бараат согласно важечките закони и правилници (“Царински давачки“); (2) да дејствува во својство на шпедитерски агент на Испраќачот, за царински потреби и за потреби на контрола при извоз, акко и во својство на Примач единствено за потребите на назначување на шпедитерски агент кој ќе обезбеди царинско порамнување и влез и (3) да ја пренасочи Пратката до увозниот шпедитерски агент на Примачот или на друга адреса, по барање на било кое лице за коие согласно своето разумно мислење ДХЛ верува дека е овластено тоа да го бара.
Пратката ќе се смета за неприфатлива за транспорт доколку:
- не е направена царинска декларација, а таква се бара согласно применливите царински правилници,
- содржи фалсификувана стока, животни, златно и златни прачки, девизи, благородни метали и скапоцени камења; оружја, експлозиви и муниција; посмртни останки, илегални предмети како слонова коска и наркотици),
- е класифицирана како ризичен материјал, опасна стока, производ кој е забранет или ограничен од страна на ИАТА (IATA – Меѓународна Асоцијација за Воздушен Сообраќај) ИЦАО (ICAO – Меѓународна Организација за Цивилна Воздушна Пловидба), АДР (ADR – Европскиот Правилник за опасни стоки при Патен Сообраќај) или од било кој релевантен владин орган односно организација (“Опасни стоки“),
- адресата е неточна или не е соодветно означена или пакувањето (амбалажата) е неисправно или несоодветно за да обезбеди сигурен транспорт со вообичаената грижа при ракувањето,
- содржи други предмети за кои ДХЛ ќе одлучи дека не може безбедно или законски да ги транспортира.
Пратките не може да бидат доставени на Поштенски фах или поштенски кодови. Пратките се доставуааат на адреса на Примачот назначена од страна на Испраќачот но тоа не подразбира и задолжителна достава лично на лицето означено како Примач. Пратките адресирани до адреса на достава која спаѓа во ДХЛ зоната, ќе бидат испорачувани до таа зона.
ДХЛ може да го извести Примачот за очекуваната достава или за пропуштената достава. На Примачот може да му се понуди алтернативна опција за достава како на пример достава во некој друг ден, без потреба од потпис, пренасочување или подигање на еден од пултовите на ДХЛ. Испраќачот може да исклучи одредени опции за достава на барање.
ДХЛ може да го извести Примачот за очекуваната достава или за пропуштената достава. На Примачот може да му се понуди алтернативна опција за достава како на пример достава во некој друг ден, без потреба од потпис, пренасочување или подигање на еден од пултовите на ДХЛ. Испраќачот може да исклучи одредени опции за достава на барање.
Доколку Пратката се смета за неприфатлива согласно Оддел 2 или доколку за истата била назначена несоодветно мала вредност за царински потреби, или доколку Примачот не може соодветно да биде идентификуван или лоциран, или доколу Примачот одбие да ја прими Пратката или да плати за истата, ДХЛ ќе вложи разумни напори да му ја врати Пратката на Испраќачот на трошок на Испраќачот, или во случај да не успее во тоа ДХЛ може да се ослободи од истата, да ја уништи или продаде, без притоа да сноси било каква одговорност кон Испраќачот или кон било кое друго лице, а од добиената цена да ги наплати трошоците за услугата и другите поврзани административни трошоци и остатокот од паричните средства да му ги врати на Испраќачот. ДХЛ ќе има право да ја уништи Пратката за која било кој закон му забранува на ДХЛ да ја врати на Испраќачот, како и секоја Пратка која содржи Опасни стоки.
ДХЛ има право да ја отвори и провери Пратката без посебно известување од сигурносни, безбедносни, царински или други законски причини.
Цената за транспорт на ДХЛ пратките се пресметува согласно поголемата вредност, односно согласно вистинската тежина или согласно волуметриската тежина на пратката и секоја Пратка може да биде повторно измерена од страна на ДХЛ за да се потврди ваквата пресметка.
Испраќачот ќе му ги плати или надомести на ДХЛ сите трошоци за Достава, сите дополнителни трошоци, давачки и даноци кои ќе му ги должи на ДХЛ за обезбедените услуги или трошоци настанати на сметка на Испраќачот или на Примачот. Плаќањето на царинските давачки може да се бара и пред да биде извршена доставата.
Доколку ДХЛ го користи својот кредит кај Царинската Служба или авансно плати царински давачки во корист на Примач кој нема сметка кај ДХЛ, ДХЛ ќе има право да пресмета соодветен надомест за тоа.
Испраќачот ќе му ги плати или надомести на ДХЛ сите трошоци за Достава, сите дополнителни трошоци, давачки и даноци кои ќе му ги должи на ДХЛ за обезбедените услуги или трошоци настанати на сметка на Испраќачот или на Примачот. Плаќањето на царинските давачки може да се бара и пред да биде извршена доставата.
Доколку ДХЛ го користи својот кредит кај Царинската Служба или авансно плати царински давачки во корист на Примач кој нема сметка кај ДХЛ, ДХЛ ќе има право да пресмета соодветен надомест за тоа.
6.1 Одговорноста на ДХЛ во врска со било каква Пратка транспортирана по воздушен пат (вклучувајќи и спореден копнен транспорт или попатни станици) е ограничена на Монтреалската Конвенција или на Варшавската Конвенција, зависно како е применливо, или во отсуство на таква конвенција, одговорноста ќе биде ограничена на пониското од (1) пазарна или декларирана вредност или (2) 22 специјални права на влечење по килограм (приближно УСД 30.00 по килограм). Таквите ограничувања ќе се применуваат и на сите други видови на транспорт, освен кога Пратките се транспортираат исклучиво по копнен пат, во кој случај ќе се применуваат ограничувањата опишани подолу.
За Пратки кои се пренесуваат преку повеќе граници по копнен пат, одговорноста на ДХЛ ќе се смета дека е ограничена согласно Конвенцијата за Меѓународен превоз на стоки по копнен пат (CRM) и тоа на пониското од (1) пазарна или декларирана вредност или (2) 8.33 специјални права на влечење по килограм (приближно УСД 11.00 по килограм). Таквите ограничувања ќе се применуваат и на националниот копнен транспорт во отсуство на задолжителни или пониски ограничувања на одговорноста во применливото национално законодавство кое го регулира транспортот.
Доколку Испраќачот смета дека овие граници не се доволни, мора да изврши посебна декларација на вредноста и да побара осигурување согласно предвиденото во Одделот 8 или самиот да си обезбеди осигурување.
Одговорноста на ДХЛ е строго ограничена на директна загуба и штета единствено во килограмските граници содржани во овој Оддел 6. Сите други видови на загуба или штета се исклучени (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на изгубена заработувачка, приход, камата, идни деловни потфати), без разлика дали таквите загуби или штета се посебни или индиректни, и дури и во случај ризикот од таквите загуби или штети да му бил предочен на ДХЛ пред или по приемот на Пратката.
6.2 ДХЛ ќе ги вложи сите разумни напори да ја испорача Пратката согласно вообичаениот распоред за испорака на ДХЛ, но истиот не е обврзувачки и не претставува составен дел од договорот. ДХЛ не е одговорен за било какви штети или загуби предизвикани од доцнење, но за одредени Пратки Испраќачот може да бара рефундирање заради доцнење, во согласност со Правилата и Условите на Гаранцијата за поврат на средства.
За Пратки кои се пренесуваат преку повеќе граници по копнен пат, одговорноста на ДХЛ ќе се смета дека е ограничена согласно Конвенцијата за Меѓународен превоз на стоки по копнен пат (CRM) и тоа на пониското од (1) пазарна или декларирана вредност или (2) 8.33 специјални права на влечење по килограм (приближно УСД 11.00 по килограм). Таквите ограничувања ќе се применуваат и на националниот копнен транспорт во отсуство на задолжителни или пониски ограничувања на одговорноста во применливото национално законодавство кое го регулира транспортот.
Доколку Испраќачот смета дека овие граници не се доволни, мора да изврши посебна декларација на вредноста и да побара осигурување согласно предвиденото во Одделот 8 или самиот да си обезбеди осигурување.
Одговорноста на ДХЛ е строго ограничена на директна загуба и штета единствено во килограмските граници содржани во овој Оддел 6. Сите други видови на загуба или штета се исклучени (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на изгубена заработувачка, приход, камата, идни деловни потфати), без разлика дали таквите загуби или штета се посебни или индиректни, и дури и во случај ризикот од таквите загуби или штети да му бил предочен на ДХЛ пред или по приемот на Пратката.
6.2 ДХЛ ќе ги вложи сите разумни напори да ја испорача Пратката согласно вообичаениот распоред за испорака на ДХЛ, но истиот не е обврзувачки и не претставува составен дел од договорот. ДХЛ не е одговорен за било какви штети или загуби предизвикани од доцнење, но за одредени Пратки Испраќачот може да бара рефундирање заради доцнење, во согласност со Правилата и Условите на Гаранцијата за поврат на средства.
Сите побарувања мора да бидат поднесени во писмена форма до ДХЛ во рок од триесет (30) дена од денот кога ДХЛ ја има преземено Пратката, инаку во спротивно ДХЛ нема да сноси никаква одговорност. Побарувањата се ограничени на едно побарување по пратка, со чие подмирување ќе се смета дека е целосно и конечно исплатено побарувањето во врска со сите загуби и штети во врска со истото.
ДХЛ може да обезбеди осигурување за Испраќачот, кое осигурување ја покрива фактичката парична вредност во врска со губење на Пратката или нејзино физичко оштетување, под услов Испраќачот тоа да го побара во писмена форма, така што ќе го пополни одделот за осигурување кој се наоѓа на предната страна од товарниот лист или доколку тоа го побара преку автоматизираниот систем на ДХЛ и ја плати соодветната премија. Осигурувањето на Пратката не ги покрива индиректните загуби или штети, или загуби и штети предизвикани од доцнење.
ДХЛ не е одговорен за било каква загуба или штета која призлегува од околности кои се вон контролата на ДХЛ. Тие вклучуваат, но не се ограничени на: електрично или магнетно оштетување, како и бришење на електронски и фотографски податоци или снимки; било каков недостаток или карактеристика поврзана со природата на Пратката, дури и доколку постоењето на истите му било познато на ДХЛ, на пр. Испраќач, Примач, трето лице, царински или друг државен службеник; “Виша сила“ – на пример земјотрес, циклон, бура, поплава, магла, војна, авионска несреќа или ембарго, бунт или граѓански немири, индустриски дејствија.
Испраќачот ќе го обештети ДХЛ и ќе му ја надомести секоја штета или загуба настаната како резултат на пропуст на Испраќачот да постапи согласно следните гранции и изјави:
- Сите информации претставени од Испраќачот или негови претставници се потполни и прецизни;
- Пратката е прифатлива за транспорт согласно Оддел 2;
- Пратката е подготвена во безбедни простории од страна на лица вработени кај Испраќачот и е заштитена од неовластено попречување за време на подготовката, складирањето и транспортот до ДХЛ;
- Испраќачот постапил во согласност со сите важечки закони и правилници во врска царината, увозот, извозот, заштитата на податоци, санкции, ембарга и други потребни области; и
- Испраќачот ги прибавил сите потребни согласности во врска со личните податоци доставени до ДХЛ вклучувајќи ги податоците за Примачот, потребни во врска со транспортот, царинските дозволи и доставата, како што се електронска адреса (e-mail) и број на мобилен телефон.
Испраќачот се согласува со сите усмерувања и скршнувања, вклучувајќи ја и можноста дека Пратката може да биде пренесувана преку преодни попатни места.
Заради добробитта на ДХЛ, сите спорови кои произлегуваат од, или на било кој друг начин се поврзани со овие Правила и Услови, ќе бидат решавани пред судовите на државата на потекло на Пратката, кои немаат ексклузивна надлежност, и во постапките ќе се применува правото на државата на потекло на Пратката, а Испраќачот неотповикливо се согласува со таквата надлежност, освен доколку тоа е спротивно на некое важечко право.
Невалидноста и неприменливоста на било која одредба нема да влијае на другите делови од овие Правила и Услови.
март 6, 2020
УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА ДХЛ ЕКСПРЕС – ГАРАНЦИЈА ЗА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА
ВАЖНА НАПОМЕНА
На барање на клиентот и имајќи предвид ограничувањата опишани подолу во овој текст, ДХЛ ќе му обезбеди кредит или рефундирање на премијата платена од клиентот за ДХЛ Експрес пратка, која е доставена подоцна од наведената обврска за достава од ДХЛ
A. Гаранцијата важи единствено за следните услуги
DHL EXPRESS 9:00,
DHL EXPRESS 9:00 IMPORT,
DHL EXPRESS 9:00 DOMESTIC,
DHL EXPRESS 10:30,
DHL EXPRESS 10:30 IMPORT,
DHL EXPRESS 10:30 DOMESTIC,
DHL EXPRESS 12:00,
DHL EXPRESS 12:00 IMPORT,
DHL EXPRESS 12:00 DOMESTIC
(секоја поединечна “Услуга“) и за пратки кои се во целосна согласност со ограничувањата кои се опишани тука.
DHL EXPRESS 9:00 IMPORT,
DHL EXPRESS 9:00 DOMESTIC,
DHL EXPRESS 10:30,
DHL EXPRESS 10:30 IMPORT,
DHL EXPRESS 10:30 DOMESTIC,
DHL EXPRESS 12:00,
DHL EXPRESS 12:00 IMPORT,
DHL EXPRESS 12:00 DOMESTIC
(секоја поединечна “Услуга“) и за пратки кои се во целосна согласност со ограничувањата кои се опишани тука.
B. Гаранцијата важи само за премијата до и над цената на клиентот за стандардна услуга до крајот на денот. (DHL EXPRESS WORLDWIDE, DHL EXPRESS WORLDWIDE IMPORT или во случај на пратки за внатрешен транспорт, DHL EXPRESS DOMESTIC) (“Премијата”). Гаранцијата е ексклузивна за сите други ставки, вклучувајќи без ограничување, надоместоци, даноци или други давачки или износи (како и за секоја компонента за додаток за гориво) и транспортни трошоци резултирани од повратни пратки.
C. Во случај пратката да содржи повеќе парчиња, Гаранцијата ќе се однесува на сите парчиња од пратката. Доколку задоцнувањето важи единствено за некое парче од пратката, кредитот или рефундирањето ќе бидат применети за целата пратка.
D. Клиентот е должен да го извести ДХЛ за секое побарување за задоцнета достава, во писмена форма или по телефон, најдоцна во рок од 14 календарски денови сметано од денот на испораката и да му ги соопшти на ДХЛ бројот на сметката (доколку таков има), бројот на товарниот лист, датумот на испраќање на пратката, како и целосни податоци за примачот. Најдоцна во рок од 30 календарски денови од денот на известувањето, ДХЛ:
- ќе му ги обезбеди на клиентот кредитот односно рефундацијата,
- ќе му ги соопшти на клиентот причините зошто пратката не е подобна за гаранцијата согласно важечките ограничувања или исклучоци, или
- ќе му приложи на клиентот доказ дека пратката била навремено доставена.
E. Клиентот не смее да дозволи некое трето лице да поставува барање или да назначува барање во име на трета страна. Исплатата на премијата од страна на ДХЛ на клиентот ќе претставува целосно ослободување на ДХЛ од обврските кои настануваат по повод доцнењето а, се покриени со Гаранцијата.
F. Гаранцијата нема да важи во случај на задоцнета достава или неможност за достава заради околности кои се вон контролата на ДХЛ, како што е предвидено во ДХЛ-овите Правила и Услови за Пренос, а кои вклучуваат и доцнење на достава заради царинско задржување, неточни или нецелосни податоци за пратката, инструкции за пренос или информации (како на пример наведување на поштенски фах како адреса на примач, пропуштање да се наведе или наведување на неточен телефонски број на примачот), или барање на примачот за одложување, пренасочување на пратката или нестандардни шпедитерски услуги; или недостапност или одбивање на примачот да ја прифати пратката или да ги плати давачките или даноците за достава доколку такви се бараат.
G. Сите други одредби од ДХЛ-овите Правила и Услови за Пренос ќе бидат применувани. Гаранцијата може да се измени или укине од страна на ДХЛ во секое време.
H. Доколку клиентот има пратка која е строго поврзана со време, чие губење или доцнење може да предизвика последователни штети, клиентот е должен лично да ја осигура ваквата пратка од наведените ризици преку свој агент или брокер за осигурување, бидејќи ДХЛ не презема таква одговорност. ДХЛ не обезбедува и не организира таков вид на осигурување на пратки.
I. Гаранцијата не се однесува на:
(i) пратки поврзани со клинички тестирања при кои се користат пакети чувствителни на температура или
(ii) на дополнителните трошоци кои се однесуваат на опционите услуги продадени со пратката, како на пример пакувањето.
(iii) привремен извоз и узоз
(iv) пратки со висока вредност кои подлежат на царинска постапка
(v) Пратки со колета кои го надминуваат ограничувањето во тежината или зафатнината; и/или
(vi) Пратки кои содржат дозволени Опасни Материи
A. Услугите се достапни единствено од наведени локации до наведени дестинации со поштенски број (или градови каде што не се применуваат поштенски броеви).
B. Услугите не се достапни за неприфатливи пратки опишани во ДХЛ-овите Правила и Услови за Пренос или за пратки кои не ги исполнуваат другите ограничувања во врска големината, тежината, стоката или вредноста предвидени од ДХЛ.
C. Со цел утврдување дали некоја Услуга е достапна за конкретна пратка, помеѓу конкретна појдовна и крајна точка, или во комбинација со конкретна услужна опција (како на пример Достава во Сабота-Saturday Delivery), ве молиме проверете на интернет страната на ДХЛ или контактирајте ја Службата за грижа на корисници на ДХЛ и наведете ги следните информации:
- адресата за преземање на пратката,
- стоката која ќе се пренесува,
- (доколку е применливо) вредноста на пратката наведена за царински потреби,
- времето и датумот во кои оби било возможно преземање на пратката,
- точната дестинација, вклучувајќи го и поштенскиот број
- тежината на пратката
- димензиите на пратката,
- бројот на колети.
D. Испраќачот мора да ја наведе бараната Услуга на товарниот лист и мора да му ја понуди пратката на ДХЛ најдоцна до времето договорено со ДХЛ.
Валидно од 1ви Јули 2017
За повеќе информации ве молиме обратете се во вашата локална Служба за грижа на корисници на ДХЛ ЕКСПРЕС