Царински процес
ДХЛ Експрес и Царинските органи - Работат заедно за побрза достава
Царина – едноставен и доволен збор – но како всушност да го дефинираме зборот во однос на нашиот бизнис? Пронајдете како DHL Express се совпаѓа во широката слика на царинските регулативи и царинењето на вашите пратки до нивната испорака.
|
|
|
-
Царинските органи се одговорни за спроведување на регулаторни контроли насочени кон заштита како на приходите така и на безбедноста и сигурноста, здравјето и просперитетот на граѓаните и бизнисот во земјата, како и за управување со граничните контроли.
-
Царината е единствен орган или агенција на ниво на земја. Во однос на приходите, нејзината примарна одговорност не е само наплата, туку и заштита на царински давачки и даноци.
-
Ова управување со царините и даноците е од суштинско значење за контрола на движењето на стоки во и надвор од една земја. Царинскиот процес започнува во земјата на потекло и завршува во земјата на дестинација.
-
Обработката на неколку милиони царински записи не е едноставна задача – и ова е нешто што ДХЛ Експрес секојдневно го прави за своите клиенти ширум светот.
-
ДХЛ е еден од најголемите светски даватели на царински услуги преку локалните царински услуги што ги обезбедува на клиентите насекаде во светот. Во оваа улога, се грижиме Вашите податоци и документи поврзани со царината да бидат релевантни и точни во секое време.
-
Откако ќе се проверат темелно, информациите за Вашата пратка се пренесуваат по електронски пат до соодветниот царински орган. Преку нашата соработка, тие работат со нас за да се забрза царинењето и Вашата стока да биде доставена брзо и ефикасно.
-
ДХЛ Експрес управува со поголемиот дел на прашања од царинскиот орган во Ваше име. Штом Вашата стока е оцаринета, ние организираме трансфер пред конечната испорака.
-
Обезбедувањето целосни, точни и усогласени детали за товарниот лист и царинската фактура (Комерцијална/Проформа) е од суштинско значење за успешно царинење. Пратките нема да се царинат доколку податоците и документацијата не се точни и комплетни.
-
Еден од клучните елементи е да се обезбеди целосен и точен опис на стоката. Испраќачите мора да дадат целосни информации, со доволно детали за природата на стоката со јасен и едноставен опис, како што се: женска маичка изработена од памук. Не се дозволени генерички описи како „примероци“ или „резервни делови“.
-
Стоките што се испорачуваат на меѓународно ниво се класифицирани под тарифни кодови (познати како HS кодови) за целите на царинење. Овој код е однапред дефиниран од страна на Светската царинска организација и царинските регулативи.
-
Тарифниот код на стоката е многу важна информација при доставување на стоката до царинскиот орган, бидејќи ќе помогне да се утврдат придобивките или барањата за конкретната стока и кои давачки и даноци ќе се применуваат.
-
Во зависност од локалното законодавство и регулативи, увозот или извозот на одредени стоки може да биде ограничен или забранет. Царинскиот орган е тој што има регулаторен мандат за спроведување на овие правила.
-
Понатаму, секој локален царински орган има законодавно овластување да поставува свои фискални давачки за увоз и извоз во зависност од видот на пратката што ја обработува и релевантните регулаторни рамки.