Што се Царински давачки и Данок?

При транспорт на стоки преку меѓународните граници, пратките подлежат на давачки и даноци како што е утврдено од царината во земјата на дестинација врз основа на вредноста, потеклото и видот на стоката.

Водич за царински давачки и данок за Испраќач на пратка

Кога испраќате пратки меѓународно, важно е да ги разберете давачките и даноците и дека тие може да се применат на Вашата пратка.
Сите видови пратки (вклучувајќи подароци, примероци и стоки за поправка) поминуваат низ процес на увозно царинење, како што е определено со царинските прописи во земјата на дестинација. Пратката се царини врз основа на видот на стоката, земјата на потекло, вредноста и количината. Царинските пратки се предмет на царински давачки, одноно се предмет на тарифа или данок, пресметани за стоката кога се транспортира меѓународно.
Пресметката на давачките зависи, во повеќето земји, од проценливата вредност на царинската пратка. За целите на оваа пресметка, царинските стоики се класифицираат и им се дава тарифен код кој ја одредува применливата царинска стапка. Овој систем е повеќенаменска меѓународна номенклатура на производи развиена од Светската царинска организација и продолжува да се развива.
Плаќањето на давачки, даноци и други фискални давачки вообичаено е одговорност на примачот, иако ДХЛ Експрес нуди можност за сопствениците на ДХЛ сметки да платат за нив.
Во тој случај, по испораката на пратката, ДХЛ им фактурира на клиентите за давачките и даноците кои ги платил во нивно име на дестинацијата, плус мала административна такса.
Данокот на стоката се пресметува кога влегува во границата на државата (иако постојат зони на слободна стоковна размена низ светот). Данокот обично е поврзан со протекционизам, економска полиса за повластена размена помеѓу земјите.
Данокот обично се пресметува при увоз на стока, иако понекогаш се пресметува и при извоз на стока.

Водич за царински давачки и Данок за примачи на пратки

Дали примивте пакет и потребно е да се инфомирате за Вашите обврски за плаќање на царински давачки и данок?
Може да Ви се наплатат царини и даноци за производи купени онлајн, затоа што:
  • Давачките и даноците може да не се вклучени во цената на стоката што ја купувате онлајн, и затоа може да не бидат вклучени во вкупните трошоци за испорака што ги плаќате на онлајн продавачот. Проверете на веб-страните на онлајн продавачите дали во куповните цени се вклучени давачки и даноци.
  • Кога купувате стоки онлајн, некои или сите од овие стоки можеби не потекнуваат од земјата во која живеете, па затоа подлежат на царина и/или даноци, што е тарифа или данок наметната на стоката кога се транспортира преку меѓународните граници.
  • Кога стоките не се испорачуваат во рамките на Вашата земја или во рамките на една царинска унија, како што е Европската унија, Вие сте обврзани да платите какви било влезни давачки, даноци и други фискални давачки за кои Вашиот локален царински орган смета дека е соодветно и како што е наложено во рамките на законодавна рамка во земјата на увоз.
  • За да може ДХЛ курирот да ја испорача Вашата стока во најкус можен рок по влегувањето во Вашата земја или царинска унија, ДХЛ плаќа на царинскиот орган во Ваше име за сите давачки и даноци на кои подлежи стоката (и Ви наплатува).
  • ДХЛ ќе Ве извести за плаќање на давачки и даноци (на ДХЛ), преку испраќање линк за онлајн плаќање. Навременото онлајн плаќање обезбедува непречена испорака на Вашата пратка.
  • Доколку е потребно плаќање, истото зависи од тоа од каде се испраќа стоката, видот на стоката, нејзината трансакциска вредност и тежината на пакетот, како и другите трошоци што царинскиот орган ги определува, мора да се додадат на вредноста на Вашата пратка за такви пресметки.
Кога купувате стока преку интернет,потребно е секогаш да проверите дали стоката е испратена до Вашата адреса од:
  • Вашата земја
  • Друга земја
  • Трета земја (надвор од царинската унија на Вашата земја)
  • Забелешка: Различни правила се применуваат при купување на стока за комерцијална употреба.
Подарокот е дефиниран како нешто што е испратено директно од страна на едно физичко лице до друго физичко лице и ваквите пратки не подлежат на увозен данок доколку вредноста е помала од утврдениот локален вредносен праг.
Нарачувањето и плаќањето на стоки што потекнуваат надвор од Вашата земја или царинска територија за испорака до лице кое не е купувач, не ја исполнува царинската дефиниција за подарок.
Вратете се на почетокот