Грижливо пакување

Пакетите може да патуваат илјадници километри низ софистицираната глобална мрежа на ДХЛ за да стигнат до нивната дестинација, ДХЛ прави се што може да обезбеди пратките секогаш да бидат доставени на време и во одлична состојба.
Пакувањето на Вашите пакети со соодветни материјали и грижа помага пратките да пристигнат безбедно и неоштетени.

Што е најдобро за она што го испраќате?

Квалитетното пакување е клучно за превенција од оштетување. Проценување на Вашите потреби за пакување е важен чекор за одредување на она што е најдобро за типот на пратка што сакате да го транспортирате.
Тежина
Цена
Прегледајте ги деталите на пратката
Прописи
Кршливост

Пакувањето ја штити Вашата пратка

Високо квалитетно пакување е важно за заштита на Вашата пратка за време на транспортот. ДХЛ обезбедува низа на материјали за пакување кои се испробани и проверени. Но доколку, сакате да користите сопствени материјали подолу следете ги општите инструкции.
Материјал
  • Секогаш користете високо квалитетни ребрасти картонски кутии за пакети. За кршливи или тешки предмети се препорачува двоѕидни или триѕидни конструкции.
  • Одбегнете повторна употреба на стари кутии кои како такви може да ја изгубат својата цврстина.
Цврстина
  • Внимавајте на етикетата од производителот каде се наведени информации за типот на конструкција и цврстина на кутијата. Побарајте повеќе информации од добавувачот на кутиите.
  • Погледнете ги спецификациите на кутијата за да изберете соодветно пакување според тежината на Вашата пратка.
Големина
  • Ненаполнетите кутии може да паднат и преполнетите кутии може да пукнат. За да се спречи оваа појава одбрете кутија со соодветна големина за содржината која се испраќа.

Примена на техники за пакување

Еве неколку важни принципи за пакување применливи за пакување на содржината на Вашата пратка.
Illustration emphasizing importance of not having empty spaces in boxes
Не оставајте празен простор
Важно е целосно да се пополни празниот простор во кутијата за да се избегне движење на содржината за време на транспортот што може да доведе до ошетување на пратката и кутијата.
6цм оддалеченост
Секогаш ставајте ги предметите во центарот на кутијата со најмалку 6 цм разделеност од сите надворешни страни или агли.
Illustration of padding around an item in a box
Packaging divider insert for a box
Завиткајте ги предметите поединечно и употребете прегради
Кога испраќате повеќе предмети во една кутија, секогаш завиткајте ги предметите поединечно и разделете ги со ребрасти делови или друг соодветен материјал за поделба.

Заштитете го пакетот со добра леплива лента

Лепливата лента која ќе ја одберете и како ќе ја залепите пратката заедно прави разлика во заштитувањето на содржината на Вашата пратка од изложеност на оштетување за време на транспортот.
Користете ленти кои се чувствителни на притисок
  • Полипропилен лента (кафена пластична лента)
  • Винил леплива лента
  • Фибер-армирана хартија лента (салотејп)
Одбегнете употреба на
  • Крафт Хартиена Лента
  • Целофанска Лента
  • Коноп
H-Поставување на лента
Уверете се дека сите рабови се залепени со употреба на методот H-поставување на лента:
Box sealed using H tape method
Прв чекор
Нанесете на 1 лентичка од траката по должина на споевите во центар
Box sealed using H tape method
Втор чекор
Нанесете 2 лентички од траката на двата агли
Box sealed using H tape method
Трет чекор
Осигурете се дека целата лента е зацврстена околу рабовите

Примена на етикета на пратката

Прикажување на етикетата на пратката е важно да се обезбеди дека Вашата пратка ќе се движи брзо низ мрежата на ДХЛ Експрес.

Shipping label on a box
Етикета на Пратка
Ставете ја етикетата на безбедно на горната површина на кутијата. Ова ќе помогне Вашата пратка да биде во исправена позиција колку е можно повеќе за време на транзитот.
 
Осигурајте се етикетата да биде видлива на една површина и етикетата да не ги покрива рабовите.
 
Не дозволувајте други етикети, ленти или документација да ја покрие етикетата на пратката.
 
Никогаш не ве советуваме да користите стари кутии но доколку користите, овозможете сите застарени етикети да се отстранат пред употреба.
 
Внесување на резервна етикета внатре во пакетот ќе ни помогне да ја откриеме Вашата пратка во случај доколку етикетата се оштети или оддели.
 
Доколку е потребно да се постават и други етикети на Вашата пратка, Ве молиме одбегнете да ги поставувате на истата површина како и етикетата на пратката.
  Употребете футрола со пластичен само-леплив чист прозор за сите документи кои се потребни да се стават надвор од кутијата.
A package in transit from origin to destination
Транзитот на пратката
Погледнете како Вашата пратка транзитира со ДХЛ и дознајте како можеме да Ви помогнеме при секој чекор од транзитот.
Вратете се на почетокот