Најчесто поставувани прашања – Следење и набљудување

ДХЛ, поради оперативни причини, периодично ги рециклира броевите на товарните листови за пратката. Една од причините може да биде информација во нашите системи, која во исто време се однесува за две пратки кои патуваат под ист број на товарен лист. ДХЛ постојано се обидува да ги елиминира овие појави, меѓутоа во меѓувреме, Ве молиме бидете сигурни дека иако во системот има конфузни информации, Вашата физичка пратка ќе биде насочена кон точната дестинација и ќе го добие истото посебно внимание, како и секоја друга пратка во нашата мрежа.
Ова вообичаено се појавува доколку информациите кои ги имаме се недоволни, за да се лоцира Вашата пратка. Адресата можеби била неточна и имаме потреба од појаснување или можеби се потребни некои дополнителни информации. Ова може да биде брзо решено преку контактирање со Секторот за грижа за корисници.
Дестинациите за преземање и за достава, кои се покажуваат во резултатите од лоцирањето во ДХЛ Експрес, се базираат врз основа на дестинацијата на Сервисното место , кое го организира преземањето и доставата Ве молиме бидете сигурни дека вашата пратка ќе биде доставена до дестинацијата која сте ја навеле кога сте го комплетирале товарниот лист за Вашата пратка(пратки).
Овој статус обезбедува информација од царинскиот процес на дестинација. Ве молам кликнете на Повеќе детали (+), за да отворите и да ги погледнете дополнителните достапни информации. Овој податок за статусот Ви овозможува предвремено да проверите дали има дополнителни информации кои и се потребни на царина, за спроведување увозна постапка.
Да, под одредени услови. Ве советуваме да го зачувате бројот за следење меѓутоа доколку го имате референтниот број на испраќачот, можете да ја користите нашата онлајн услуга за следење со референтниот број на испраќачот.
Вратете се на почетокот